Loading Video...
Македонија
4. July 2021 - 16:43

Ќе има ли нови правила на македонските граници за влез во земјава поради делта сојот?

Македонија е на чекор од нови рестриктивни мерки за да го спречи увезувањето на делта сојот. Негативен ПЦР, сертификат за вакцинација или карантин се можните рестрикции по кои утре комисијата ќе одлучува. Ова ќе се однесува само за патници кои доаѓаат од високоризичните земји каде се регистрирани голем број на случаи со оваа мутација. Надлежните сметаат дека сега не време за враќање на старите мерки во државата. Експертите предупредуваат дека час поскоро е потребно да се спроведат превентивни мерки бидејќи летово е ризичен период поради летувањата. Д-р Мехмедовиќ апелира до граѓаните кои ќе патуваат во странство да придружуваат до основните мерки за заштита.

Во моментов во Македонија само за патници од Индија е условен влезот за нив важи мерката задолжителен 14 дневен карантин

Во Србија, Грција, Бугарија и Албанија нема дополнителни мерки за влез поради делта сојот иако властите размислуваат за построги рестрикции. Во Грција од утре се на сила мерки за патување до островите како енгативен ПЦР, позитивен тест за прележан вирус, сертификат за вакцина. Турција има построги мерки, властите забранија летови од 6 земји, Бангладеш, Бразил, Индија, Непал, Јужна Африка, Шри Ланка. Ова важи и за патници кои доаѓаат од други земји, но претходно имале одреден престој во некоја од ризичните наведени. Тие задолжително треба да приложат негативен тест и за нив е предвиден 14 карантин. За патници од Британија, Египет, Иран исто така на влез во Турција се бара негативен ПЦР.

За Британците генерално има најголем број рестрикции во земјите од Европа каде се бара карантин и ПЦР тест. За нив нема ограничувања само во Македонија, Грција, Хрватска и Шпанија.

Во Британија пак властите донесоа листа со земји означени со зелена, портокалова и црвена боја. Според тоа ако пристигнат патници кои се од земја со зелена ознака задолжителен е тест за влез но ПЦР треба да направат и на вториот ден од престојот за да избегнат карантин. Оние кои ќе допатуваат од земја со портокалова ознака потребно е да приложат негативен ПЦР и за нив следи 10 дневен карантин.

Во Белгија е забрането да патуваат државјани на Холандија, Германија, Австрија, Скандинавија, САД и неколку други. Во Германија се уште е забранет влез за Британци но канцеларката Меркел најави дека ќе ги олабави рестрикциите само за оние кои ќе приложат сертификат за примени две дози вакцина. Влезот е ограничен и во САД за патници од ризични држави, додека пак властите размислуваат да ја вратат и обврската за задолжително носење маска на затворено во сите 50 сојузни држави.

СЗО предупреди дека светот е во многу опасен период на пандемија бидејќи позаразната делта варијанта е регистрирана во речиси 100 земји. Шефот на СЗО веќе ги повикал лидерите ширум светот до следната година ова време да обезбедат 70 отсто имунизација на населението во државите.