Македонија
2. December 2021 - 21:11

Ќе има ли нови имиња во Обвинителството за организиран криминал?

Нема зголемување на бројот на обивнители кои ќе гонат оргнизиран криминал и корупција. Огласот за избор на обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е распишан поради истек на мандатот на петмина од ова обвинителство. 

Првиот човек на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во телефонски разговор за Сител, вели дека истекол мандатот на обвинителите кои биле избрани пред четири години, па сега само се пополнуваат испразнените места.

Право да конкурираат имаат и обвинителите чиј мандат е истечен, појаснува Јолевски. 

Вчера беше последниот рок во кој обвинителите можеа да конкурираат за место во Обвинителството кое гони криминал и корупција. Од советот на јавни обвинители велат дека добиле девет апликации, но било можно и преку пошта да пристигнат кандидатури. Засега не се знае кога ќе биде направен изборот.

Од Советот велат ќе ги чекале можните поштенски апликации па дури потоа ќе се закажела седницата на која ќе одлучува кој од кандидатите во следните четири години ќе гонат организиран криминал и корупција.

Моментално, Обвинителството работи со 14-мина обвинители, пет од нив беа избрани во април годинава.