Loading Video...
Спорт плус
11. January 2021 - 18:00

Ќе има ли ЛОИ во Токио

Јапонската влада пред новогодишните празници потврди дека со помош од странство ќе ги организира ЛОИ 2020г кои се одложени за следното лето. 
И додека политичарите најавуваат спортски спектакл  граѓаните според анкетата на националната новинска агенција Кјодо се против одржувањето на најмасовниот спортски настан на планетата. 
Од Анкетирани 715 домаќинства 35 проценти побарале целосно откажување на игрите додека 45 проценти сметаат дека треба уште еднаш да се одложат. 
Со ова се покажува дека под притисок од пандемијата се повеќе се зголемува бројот на јапонци кои се против одржувањето на олимписките игри иако премиерот Јошихиде Суга и Меѓународниот олимписки комитет веќе неколку пати потврдија дека игрите ќе се одржат во планираниот период од 23. Јули до 8. Август.