Македонија
14. March 2016 - 17:59

Ќе има ли дожд? - Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, а во западните и јужните делови со локални врнежи од дожд со послаб интензитет. На планините ќе има слаби врнежи од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Слаб локален дожд ќе има и во среда, а потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време.