Македонија
28. August 2016 - 16:33

Ќе има или ќе нема избори во декември, што вели претседателот на СДСМ Зоран Заев?

- Повеќе сум оптимист во трагањето по мудроста како да се изнајде доволно аргументација да се избере петтиот член. Ад хок телото, ги знаеме деталите и очекувањата од него, но не е крај на светот и не треба да дозволиме навистина поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите, согласно кои ќе биде фиксиран датумот за избори - рече Заев.