Фудбал
23. January 2017 - 13:15

Ќе го суспендираат Венгер

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, би можел да биде суспендиран од страна на Фудбалската асоцијација (ФА) бидејќи на мечот со Барнли доби исклучување, а потоа тој го турна четвртиот судија.
 
Францускиот тренер ги „загуби нервите“, кога по невнимателниот старт на Коклан главниот судија Мос досуди пенал за Барнли во 93.минута. Поради реакцијата Венгер беше исклучен, а откако четвртиот судија, Тејлор, му сугерираше дека не може од влезот на тунелот да го следи остатокот од мечот, тој најпрвин одби да го стори тоа, а потоа го турна четвртиот судија.
 
Греј пеналот за Барнли го претвори во израмнување 1:1, но Арсенал во 98.минута доби подарок пенал, по кој Алексис Санчез ги постави конечните 2:1.
 
„Требаше да молчам, жалам што го сторив тоа. Не реков ништо од она што не се слуша во фудбалот секојдневно, во девет од десет случаеви поради тоа нема да бидете исклучени. Во текот на целиот натпревар бев мирен“, рекол Венгер по натпреварот.