Македонија
21. May 2022 - 19:53

Ќе донесе ли патријархот Порфирије радосна вест во понеделник

МПЦ ОА пишува историја, се чека на датумот кога и официјално ќе го добие статусот кој одамна го бара за автокефална црква. Доаѓањето на  СПЦ за втора заедничка литургија и тоа на празникот на сесловенските браќа Св. Кирил и Методиј не е избрано случајно велат експертите. До тогаш се очекува да заврши Саборот на СПЦ на кој владиците можат да донесат одлука дека се согласни Вселенската патријаршија да ни додели Томос за автокефалност.

 „Тоа доаѓање може да биде уште по историско од она во белград. Доколку СПЦ донесе одлука за автокефалноста До тогаш ќе биде завршен Саборот и ќе се знае.

Доколку српскиот Патријарх го објави таквиот предлог тоа ќе значи меѓусебната диверба се зајакнувам и МПЦ го продолжува патот за автокефалност и ќе се оди кон Вселенската Патријаршија. Доколку пак со себе не носи таков предлог на некој начин ќе се подигне една неизвесност ќе се подигнат сомнежите во постигнатит договор.

Откако СПЦ ќе испрати препорака до Цариградската Патријаршија, процесот ќе се одвива многу брзо но она што укажува Ѓорѓевски е да се внимава што ќе биде напишано во документот за автокефалност.

Ѓорѓевски смета дека како следен чекор на СПЦ во знак на добрите односи треба да биде на 2 август во манастирот св. Прохор Пчински каде би се поставило и соодветно обележје на АСНОМ каде се удрени темелите на македонската државност, бидејќи со години оттаму се отстранети сите симбоили што се во спомен на првото заседание кога се удрени темелите на македонската државност.

Инаку МПЦ ОА потврди дека на празникот педесетница  заминуваат за Цариград каде ќе одржат заедничка литургија со Вселенскиот Патријарх.