-->
-->
Кирјос бара помирување
-->
Австралискиот тенисер Ник Кирјос го повика Рафаел Надал на разговор на „Инстаграм“ во живо во обид да ги надминат несогласувањата, кои подолго време траат меѓу двајцата тенисери.
Конфликтот меѓу Кирјос и Надал почна во февруари 2019 година кога по поразот од Кирјос на Мексико опен, Шпанецот го обвини ривалот дека нема почит кон никого. Кирјос, кој во мечот постојано се жалеше на повреда, се расправаше со судијата, сервира под рака, пак, го нарече Надал лош губитник.
Потоа, на Вимблдон во 2019 година Кирјос упати една топка директно во Надал во дуелот од второто коло, а на Австралија опен во 2020 Надал изјави дека не му се допаѓа играта на Кирјос.
Сега Австралиецот дава шанса за втор почеток.
„Рафа, ајде да направиме „Инстаграм“ во живо. Јас се согласувам. Рафа, ајде“, напиша Кирјос на „Инстаграм“.
Засега Надал не одговори на барањето
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок