Балкан
14. December 2021 - 9:07

Кирил Петков: Денеска ќе се одржи првиот состанок на новата влада на Бугарија

Парламентот со 134 гласа „за“ и 104 гласа „против“ вчера ја избра новата бугарска влада предводена од премиерот Кирил Петков. За формирање на извршната власт гласаа пратениците од „Промената продолжува“, предводена од Петков, потоа Бугарската социјалистичка партија, како и „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, додека против гласа пратениците од ГЕРБ, ДПС и Вазраждане.

„За четири години од денеска Бугарија ќе биде едно сосема поразлично место“, изјави новиот бугарски премиер Кирил Петков пред пратениците.

Во новоформираната 99-та бугарска Влада на чело со премиерот Кирил Петков има 5 вицепремиери и 15 министри. Во владејачката коалициска Влада учествуваат четири партии и тоа „Промените проодлжуваат“ (ПП) на Кирил Петков, проруската Социјалистичка партија на Бугарија (БСП) која го презема наследството на поранешната Комунистичка партија, Партијата „Има таков народ“ (ИТН) на шуменот Слави Трифонов и централната десничарска коалиција Демократска Бугарија (ДБ).

Во владиниот кабинетот, партијата „Промените проодлжуваат“ (ПП) има 10 министри, Социјалистичка партија на Бугарија (БСП) и Партијата „Има таков народ“ (ИТН) по 4 министри и Демократска Бугарија (ДБ) три министри.