-->
-->
Киријакидес: ЕК ќе набави вакцини против Ковид-19 за цела ЕУ
-->
Европска Комисија денеска доби политички мандат од владите на земјите-членки на Европска Унија во нивно име да преговара за набавка на вакцина против новиот коронавирус, изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.
Таа упати апел до земјите-членки на ЕУ да се откажат од паралелени иницијативи.
– ЕК доби огромна поддршка од владите на земјите-членки на ЕУ за користење на фондот од 2,4 милијарди евра за купување на вакцини против коронавирусот, посочи Киријакидес.
Германија, Франција, Италија и Холандија веќе преговараат со фармацевтските компании за купување на вакцини, што може да го ослабне заедничкиот пристап на ЕУ.
Таа истакна дека двете иницијативи имаат иста цел – благосостојбата на сите 27 земји-членки на ЕУ.
Станува збор за заедничка работа, а не за натпревар, посочи Киријакидес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење