Македонија
28. August 2017 - 11:05

Кирацовски: Да се сплотиме околу заедничките вредности што носат меѓусебна почит и напредок

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски упати честитка до сите верници кои го чествуваат.

- Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое лично име Ви го честитам денешниот празник Успение на Пресвета Богородица. Во овие мигови на спокој испраќаме порака за сплотеност, посветеност и заедништво кон вистинските вредности. Да бидеме скромни и горди во денешното празнување и да се сплотиме околу заедничките вредности што носат мир, меѓусебна почит и напредок за сите. Нека е за многу години денешниот празник и нека не води кон посветла и подобра иднина за сите нас,  пишува Кирацовски во честитката.