Кипарската Влада им препорачува на граѓаните да се тестираат пред домашните собири за празниците
Препорака до сите граѓани пред посетата на домовите во пресрет на божиќните празници да се тестираат или со селф тест, доколку се целосно вакцинирани или со рапид тест за невакцинираните, упатуваат од кипарската Влада, во рамките на новите мерки, што од денеска стапуваат во сила, јави дописничката на МИА од Атина.
За домашните собири за празниците, дозволено е да има најмногу 20 лица, вклучувајќи ги и домаќините и децата.
Од денеска, сите вработени кои се вакцинирани или прележале Ковид-19, за пристигнување на работните места задолжително ќе треба да имаат негативен резултат од ПЦР или рапид тест, што ќе важи седум дена, а исклучок се оние кои примиле трета доза.
Училиштата ќе се отворат на 10 јануари и за сите, за учениците, наставниците, професорите и останатиот персонал, на првиот училиштен ден од второто полугодие задолжителен ќе биде негативен резултат од ПЦР или рапид тест.
Од крајот на јануари се намалува важноста на потврдата за прележан Ковид-19 од шест на три месеци.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Тетовско
-
Потпишан договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари
-
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип
-
Кривична пријава за Фатмир Етеми за измама при работење со хартии од вредност
-
Времен сообраќаен режим на две делници на автопатот А1
-
Реката Ламбро се излеа во близина на Милано
-
Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка
-
Тошковски - Дачиќ: Скопје и Белград ќе ја продлабочуваат соработката за намалување на метежот на граничните премини