Свет
10. January 2018 - 23:22

Кипарска фирма го тужи Пол Манафорт за проневера

Поранешниот директор на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт, се соочува со нов судски процес откако компанија од Кипар го обвини за проневера.

Манафорт е обвинет заедно со неговиот бизнис партнер Ричард Гејтс од страна на компанијата „Сурф Хоризонт“, која тврди дека загубила 18,9 милиони долари кои ги инвестирала во украинската телекомуникациска компанија „Блек Си Кејбл“.

Манафорт во својата кариера застапуваше поголем број странски влади во Вашингтон, вклучително и онаа на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.

Тој е обвинет од страна на американскиот специјален обвинител Роберт Мјулер за давање невистинити информации и перење пари.