Кинезите масовно се вакцинираат, иако вакцините сè уште не се формално безбедни или ефикасни
Иако кинеските кандидати за вакцина формално не се покажале безбедни или ефикасни, официјалните лица веќе ги инјектираат на илјадници луѓе низ целата земја, наводно, во согласност со политиката за итни случаи.
Кина ги направи широко достапни своите недокажани кандидати за вакцина против коронавирус за да ја покажат нивната безбедност и ефикасност во земја која долго време беше скептична кон вакцините по низата скандали со квалитетот, пишува „Њујорк тајмс“.
Владини претставници и високи извршни директори во фармацевтската индустрија со гордост велат дека биле вакцинирани.
Кампањата можеби беше премногу успешна. Само во градот Јиву се потрошени повеќе од 500 дози во рок од неколку часа. Другите градови ги ограничуваат дозите или бараат од луѓето да покажат доказ дека патуваат некаде, затоа им е итно потребна вакцина. Големата побарувачка ги натерала шверцерите, кои вообичаено продаваат најнови „ајфони“ или барани билети за патувања, на луѓето да им продаваат закажани термини за вакцина за дури 1.500 американски долари.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово