Кинеското раководство ја зајакнува партиската дисциплина и мерките против корупцијата
Лидерите на Кинеската комунистичка партија се собираат денеска во Пекинг за клучниот состанок, што можеби ќе постави тонот за остатокот од управувањето на Кси Џинпин, јави ДПА.
Четиридневниот пленум на Централниот комитет, кој почнува денеска, ќе се фокусира на подобрувањето на партиската дисциплина и контрола, како дел од тековната кампања против корупцијата.
Околу 400 членови на ЦК ќе разговараат зад затворени врати во историскиот хотел Џинси каде поранешниот лидер Дан Сјаопин, во 1978 година ги објави своите реформи, со што се отвори кинеската економија во светот.
Се очекува пленум да финализира и одобри два документа, кои предвидуваат промени во регулирањето на политичкиот живот и контрола внатре во партијата.
Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на извори запознаени со агендата на пленумумот, лидерите се на мислење дека има итни проблеми, кои бараат прифаќање на нови норми на однесување.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани