Свет
30. March 2023 - 12:03

Кинеското министерство за одбрана: Кина е подготвена да соработува со Русија за воените прашања

Кинеските воени претставници се подготвени да соработуваат со своите руски колеги за зајакнување на стратешката комуникација и координацијата меѓу двете земји, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.

Кина и Русија ќе работат заедно за спроведување на глобалните безбедносни иницијативи, објави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Тан Куфеи на редовната прес-конференција.

Двете земји ќе ја продлабочат воената доверба и заеднички ќе ја бранат меѓународната правда и правичност. Тие, исто така, ќе организираат заеднички морски и воздушни патроли и ќе спроведуваат заеднички вежби, додаде портпаролот.

Неодамнешната заедничка вежба на морнариците на Кина, Иран и Русија во Оманскиот Залив ги подобри нивните можности за извршување поморски мисии од различна природа, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

„Вежбите дополнително придонесоа за пријателските односи и соработката меѓу трите земји. Кина, Иран и Русија испратија поморски единици вклучувајќи 12 бродови, специјални сили и нуркачки единици за да учествуваат во вежбите, кои се одржаа меѓу 12 и 19 март“, рече Тан Куфеи.

Неодамна, кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна со неговиот руски колега Владимир Путин во Русија. Кинеските претставници во таа пригода соопштија рече дека соработката меѓу Австралија, Велика Британија и САД за прашањето на нуклеарните подморници може да предизвика трка во вооружувањето.

„Веднаш штом се отвори Пандорината кутија, стратешката рамнотежа во регионот ќе биде нарушена и регионалната безбедност ќе биде сериозно загрозена“, додаде Тан Куфеи.