Свет
9. November 2016 - 14:39

Кинескиот претседател му ја честиташе победата на Трамп

 

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му ја честиташе денеска победата на Доналд Трамп на изборите за претседател на САД, нагласувајќи дека двете најголемите светски економии ја делат одговорноста за унапредување на глобалниот развој и просперитет. 

- Голема важност им придавам на кинеско-американските односи и се радувам на соработката со Вас врз основа на принципите неконфликт, неконфронтација, взаемно почитување и соработка во кои сите добиваат, рече Кси во телефонски разговор со Трамп.

- Стабилен и здрав долгорочен развој на кинеско-американските односи е главен интерес за кинескиот и американскиот народ, додаде тој.