Македонија
31. August 2015 - 17:50

Кинескиот поет Беи Дао прогласен за почесен член на ДПМ

Лауреатот Беи Дао прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија

Кинескиот  поет Беи Дао добитник  на наградата,,Златен венец ,, на годинашните  ,,Струшки вечери на поезијата,, денес  беше   прогласен  за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.

Претседателот на ДПМ  Веле  Смилевски  рече дека  Беи Дао е еден од оние  поети кои пливаат  спроти  струјата на глобализацијата. Поет кој ги брише на посреден начин  условните граници меѓу   големите и малите литератури и култури.

Лауреатот Беи  Дао кој пред  присутните во домот на писателите   прочита и дел од својата поезија  рече  дека  поезијата ќе опстане покрај се.

Тонски-Беи Дао- добитник на наградата,,Златен венец,, на  ,, Струшки вечери на поезијата,,

Н а  свеченоста  му беше предаден  зборникот  на асоцијацијата,, Македонски писатели,, објавен на македонски и англиски јазик, и најновиот  број на книжевната ревија ,, Стожер,, на чии страници е објавен избор од неговата поезија.