Кина: Во сообраќајна несреќа загинаа 12 лица, од кои 11 деца
Најмалку 12 лица, од кои 11 деца од Јужна Кореја загинаа денеска, кога нивниот училишен автобус се удри и запали во тунел, во источниот дел на Кина, соопштија официјални лица, пренесува Танјуг.
Деца на возраст од четири до седум години живеле во Вејхај, во провинцијата Шандоган, каде несреќата се случи, соопштија јужнокорејските конзуларни официјални лица.
Пропагандната служба на Вејхај соопшти на нејзината страница дека во несреќата загинаа 12 лица, а едно лице се здобило со тешки повреди.
Според зборовите на неименуван дипломат, во несреќата загина и едно дете од кинеска националност и возачот на автомобилот, додека наставничката која е повредена на операционата маса.
Сообраќајните несреќи во Кина се многу чести, само во текот на 2015 година имало повеќе од 180.000 сообраќајни несреќи каде животот го изгубиле 58.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера