Свет
15. July 2016 - 0:01

Кина: Тајфун однесе најмалку 69 жртви

Најмалку 69 лица го загубија  животот како последица од тајфунот Непартак кој ја погоди Кина. 

До сега тајфунот примора повеќе од пола милион луѓе да се евакуираат, шест градови се поплавени, и предизвикана е голема штета на околу 8.000 домови, јави кинеската агенција Синхуа.

Се проценува дека е направена материјална штета од над милијарда долари.