Свет
25. April 2020 - 10:10

Кина не прифаќа меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот

Пекинг не ги прифаќа повиците во Кина да се спроведе независна меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот, изјави кинеската амбасадорка во Велика Британија Чен Вен.

Таа за Би-Би-Си истакна дека повиците да се спроведе таква истрага се политички мотивирани.
Чен рече дека таквата истрага ги ги одвратила кинеските власти од борбата против пандемијата на Ковид-19.

Таа предупреди дека бројните непотврдени теории и дезинформации за појавата на коронавирусот се нешто слично на „политички вирус“, кој е поопасен од Ковид-19.