Свет
24. April 2016 - 10:11

Кина не им дозволи на западни дипломати да посетат активистка за заштита на човековите права

Кинеските сили за безбедност не им дозволија на западни дипломати вчера да посетат активистка за заштита на човековите права, јави ДПА.

Претставници на Германија, Франција, Канада, Швајцарија и Европската унија се упатиле кон домот на поранешниот адвокат Ни Јолан, но биле спречени од униформирани и цивилни полицајци.

Активистката за заштита на човековите права, која на три пати била осудувана на затвор, е во домашен притвор во времено живеалиште од средината на април.

- Порака на нашата посета беше јасна, оставете ја таа жена на мира, изјави западен дипломат, кој побарал анонимност.

На 56 годишната активистика, која има физички повреди минатиот месец не и беше дозволено да патува за Вашингтон за да ја добие „Наградата за храброст“ од американскиот државен секретар Џон Кери.