Свет
17. February 2018 - 10:00

Кина: Најмалку девет мртви во пожар во фабрика за отпад

Најмалку девет лица загинаа денеска во пожар во фабрика за преработка на отпад во јужниот дел на Кина, во провинцијата Гуангдонг, соопштија локалните власти.

Како што пренесува Синхуа, полицијата приведе неколкумина осомничени во врска со пожарот.

Прелиминарната истрага утврди дека пожарот е предизвикан од остатоци на петарда. Кога тројца работници се обиделе да го угасат огнот, дошло до експлозија, во која настрадаа уште луѓе.