Свет
16. August 2016 - 10:54

Кина лансираше сателит кој не може да се хакира, прислушкува ниту да се пресретне

Кина лансираше прв експериментален квантен сателит во светот, објавија денеска локалните медиуми. 

Сателитот кој е наречен „Менциј“, според древниот кинески филозоф и пронаоѓач, лансиран е од страна на вселенскиот центар „Џингуан“. 

Комуникацискиот сателит од новата генерација е отпорен на сите познати видови кибернетички напади и може да се употребува за различни воени и технолошки цели, јави агенцијата Ксинхуа.

Сателитот за квантни експерименти во вселенски услови „QUESS“ ќе емитува кодирани пораки од вселената на Земјата и ќе дава научни информации за квантното отклонување. 

- Новиот сателит претставува транзиција на улогата на Кина од некој кој само го следи развојот на информациската технологија во предводник на идните ИТ достигнувања, изјави шефот на мисијата Пан Јианвеи. 

„Менциј“ е дизајниран да пренесува пораки меѓу релеј станици на два континенти со помош на ултрабрзи кохерентни ласери. 

Бидејќи квантниот фатон не може да се дели ниту да се множи, невозможно е да се прислушкуваат, пресретнуваат или да се хакираат информациите кои се пренесуваат со него.