Свет
29. October 2015 - 8:59

Кина и Германија едногласни дека сирискиот конфликт има потреба од политичко решение

Кинескиот премиер Ли Кечијанг и германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изразија еднинствен став дека треба да се најде политичко решение за кризата во Сирија, пренесоа британските меидуми.

По нивната заедничка средба во Пекинг Ли пред новинарите изјави дека потребата од изнаоѓање излез од сириската криза станува се понагласено.

„Најважното нешто е да не се испушти моментот за примена на политичкото решение и за почнување рамноправен и отворен политички дијалог, со учество на сите страни“, посочи тој.

- Многу лидери дадоа предлози за начините за решавање на кризата. Се надеваме дека можеме да ги обединиме овие предлози и преку ОН да донесеме резолуција за Сирија, додаде Ли и подвлече дека Кина ќе продолжи да игра „конструктивна улога“.

- Имаме потреба од дипломатско решение, изјави и Меркел. „итно треба да најдеме такво решение. Веќе се подготвува формат за преговори, кои на маса заедно ќе ги собере неопходните учесници“, додаде германскиот канцелар.

Мерел е под голем притисок поради начинот на кој се справува со напливот на бегалци во нејзината земја, главно од Сирија и Авганистан.

Ли додаде дека Кина е исклучително загрижена од бегалската криза, но дека во „многу голем степен" го одобрува тоа што соодветните земји го прават за сместување на бегалците и избегнување на хуманитарна криза.

- Европската унија и Германија, со помошта на меѓународната заедница, имаат сили да се справат со овој предизвик, изрази увереност Ли Кечијанг.