Loading Video...
Свет
22. July 2021 - 19:55

Кина го одби планот на СЗО за нова студија за потеклото на Ковид-19

Кина не го прифати планот на СЗО за нова студија за потеклото на Ковид-19, која ја вклучува хипотезата дека вирусот можеби протекол од кинеска лабораторија.

- Невозможно е да прифатиме таков план за испитување на потеклото на вирусот. Тој предлог покажува недостаток на почит кон здравиот разум и ароганција кон науката, реагираат кинексите власти.

СЗО во првата студија за потеклото на Ковид-19 заклучи дека претпоставката за протекување на вирусот од лабораторијата е многу малку веројатна.

Инфекцијата за првпат беше откриена во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019 година.