Кошарка
4. October 2015 - 11:18

Кина до титулата во Азија без пораз

Репрезентацијата на Кина ја освои титулата шампион на Азија и со тоа избори пласман на Олимписките игри во Рио следната година. Кина во финалето беше поуспешна од селекцијата на Филипини со 78:67. Кина без пораз со 11 победи го заврши шампионатот.

Во „малото финале“ Иран ја победи Јапонија со 68:63. 
Селекциите на Филипи, Иран и на Јапонија ќе играат во Олимписките квалификации за Рио.
Досега се познати девет репрезентации кои ќе играат на ЛОИ во Рио: Бразил (домаќин), САД (светски шампион), Шпанија, Литванија (Евробаскет), Венецуела, Аргентина (Америка ФИБА), Кина (Азија), Австралија (Океанија) и Нигерија (Африка).
За другите три места - 18 репезентации ќе играат квалификации (3 групи по шест) и само победниците на турнирите ќе се пласираат на ЛОИ.