Фудбал
15. October 2018 - 23:02

Кимих: Постојано ги правиме истите грешки

Германија претрпе тежок пораз од 3:0 од Холандија во рамките на Лигата на нациите, а за германската репрезентација ова беше трет пораз во последните пет натпревари.

Според германскиот репезентативец и фудбалер на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, причина за лошите резултати е постојаното повторување на исти грешки.

- Слабите резултати не се случајност. Постојано ги правиме истите грешки и не ги користиме нашите шанси. Состојбата не е толку лоша, но малите пропусти постојано се повторуваат, а имаме млади играчи и квалитет, истакна Кимих.

Германија утре и гостува на Франција во рамките на Лигата на нациите.