Свет
3. May 2016 - 8:52

Ким пред Конгресот на партијата забрани венчавки, погреби...

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун привремено забрани венчавки и погреби поради „безбедносни причини“ бидејќи во Пјонгјанг оваа недела се одржува конгрес на владејачката Работничка партија.

Тоа ќе биде прв конгрес во изминатите 36 години.

Илјадиници делегати и припадници на безбедносните сили од цела држава ќе допатуваат во Пјонгјанг во знак на почит кон Ким за време на одржување на конгресот што почнува на 6 мај.

Властите во Северна Кореја побарале од граѓаните и да ја „разубават“ престолнината пред прославата.