Свет
23. August 2017 - 9:53

Ким Џонг-ун нареди да се зголеми производството на боеви глави за балистички ракети

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун наредил да се зголеми производството на боеви глави за балистички ракети и ракетни мотори со тврдо гориво.

Тензиите околу нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја се зголемуваат се повеќе во последните месеци. Минатиот месец Пјонгјанг под набљудување на Ким Џонг-ун изврши две ракетни тестирања на меѓуконтинентални балистички ракети со голем дострел.

Вашингтон и Пјонгјанг разменија закани, потоа тонот се намали, но оваа недела САД и Јужна Кореја започнаа воени вежби, кои Северна Кореја веднаш ги оцени како повторна провокација.

Експертите не се сигурни дали Северна Кореја веќе поседува технологија за враќање во атмосферата на истреланите боеви глави, без да се уништуваат. Пјонгјанг уверува дека разработил таква технологија. Северна Кореја се закани дека ќе истрела ракети во близина на американскиот остров Гуам во Тихиот Океан, но подоцна соопшти дека ќе го одложи таквото дејствие.