Киев: Нема да бидеме заложници на холандските евроскептици
Властите во Киев денеска изразија „длабоко разочарување“ од резултатите од вчерашниот референдум во Холандија, на кои со големо мнозинство беше отрфрлен договорот меѓу ЕУ и Украина.
- Холандските евроскептици не може да ја направат Украина заложник на (нивното) незадовоство од ЕУ, изјавил за Би-Би-Си висок претставник на украинското Министерство за надворешни работи.
Украинскиот претседател Петро Порошенко, меѓутоа, изјави дека и покрај ваквиот исход на референдумското изјаснување на холандските гласачи, продолжува патот на Украина кон ЕУ.
- Сигурен сум дека стратешки, овој настан, не е пречка за украинското придвижување кон Европа, рече Порошенко.
Во Холандија вечера се одржа референдум за ратификација на Договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ, на кој 61,1 отсто од гласачите се изјаснија против, а 38,1 отсто по поддржаа документот.
Излезноста на гласачите изнесуваше помалку од една третина од гласаччкото тело или 32,2 отсто, но тоа е довоно за валидност на референдумот, кој дозволува минимален одѕив од 30 отсто.
Гласањето на референдум го иницираа екстремно десничарските партии, предводени од антиевропската и антисламската Слободарска партија на Герт Вилдерс, откако претходно собраа 400 илјади потписи преку интернет.
Вилдерс го поздрави резултатот од референдумот, означувајќи го како „почеток на крајот на ЕУ“.
Одбивањето на договорот со Киев го поздрави и рускиот премиер Дмитри Медведев, кој на Твитер го означи како „индикатор за европската позиција кон украинскиот политички систем“.
Русија од почетокот беше силно против договорот меѓу Киев и Брисел и вршеше силен притисок врз тогашниот претседател Виктор Јанукович, да не го прифати.
Јанукович на крајот го отфрли договорот со ЕУ, по што во Киев избувна протести кои завршија со неговото соборување од власт.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово