Бизарно но вистинито
15. November 2017 - 16:25

Киднапирале девојче го силувале 9 часа и пренесувале во живо на интернет: Ужасен бизнис на педофилите, снимаат хорор со деца и заработуваат 25.000 долари!

Педофилите ширум светот на интернет продаваат ужасни снимки од силувања и злоставувања на деца по цена која се движи и до 25.000 долари.

Монструозен тренд е откриен откако двајца педофили минатата недела во рускиот град Екатеринбург киднапирале девојче (12), го силувале девет часа и се тоа го пренесувале во живо на интернет. Постои сомнеж дека педофилите тоа го правеле за филмот подоцна да го продадат за голема сума на пари, пренесува Дејли меил.

Продуцент на филмови за возрасни, кој се претставил сам како Олег Н, за руските медиуми кажал дека во последно време меѓу педофилите владее требд за реални снимки од киднапирања и силувања на деца, истиот мотив најверојатно е и причина за злочинот во Екатеринбург.

- Педофилите се почесно ги снимаат киднапирањата и злоставувањата на децата бидејќи за пренесување во живо заработуваат многу пари, а подоцна тие снимки ги продаваат за огромни пари. За откуп тие снимки чинат од 15.000 до 25.000 долари. Постои цела мрежа на луѓе кои ги откупуваат снимките, а парите кои ќе ги вложат им се враќаат најмногу за една недела од гледачите од кои дебело наплаќаат. Снимките некогаш се нарачани, а некогаш педофилите сами ги нудат монструозните материјали - кажал Олег Н.

Русинот истакнал дека извршителите на монструозните снимки од силувања на деца подобро ги кријат своите траги од дилерите на дрога.

- Некогаш полицијата успева да влезе во трага на оние кои киднапираат деца и го снимаат ужасниот злочин. Меѓутоа оние кои управуваат со профилите многу тешко се фаќани. Тоа се луѓе кои направиле бизнис и плаќаат армија криминалци да работат за нив. Би убиле било кого кој би ги пријавил во службите за безбедност - навел Олег Н, пренесува Дејли Меил.