-->
-->
Кичевски "Комуналец" го чисти коритото на реката Сушица
-->
- Градското комунално претпријатие "Комуналец" од Кичево, почна активности за чистење на коритото на градската река.Се очекува до средината на септември целосно да биде исчистено речното користо.
- Започнавме со чистење на речното корито на Сушица. Го искористивме периодот кога водостојот во реката е најнизок, а тоа ќе овозможи работите да се одвиваат без застој. Инаку, ова е второ чистење на речното корито, откако во раната пролет првпат годинава го изведовме овој зафат. Во речното корито има доста трева, големи камења што ги донела реката по пролетните интензивни врнежи од дожд и ѓубре што го фрлаат во коритото неодговорните граѓани. Ако не се појават дополнителни проблеми, очекуваме до средината на септември да заврши овој зафат-информираа директорот Зенел Јонузи од комуналното препријатие.
Догодина според најавите од општина Кичево, се очекува на речното корито да се изведе целосна реконструкција со нови пешачки и велосипедски патеки, ново осветлување и други урбани содржини, а по завршувањето на овој проект и градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
