Македонија
3. September 2021 - 16:32

Кичево - Охрид се уште небезбеден правец кој никако да се изгради

Автопатот во изградба Охрид – Кичево останува критична точка во сообраќајот реагираат граѓаните. На голем дел од делницата има застој во градежните работи и е небезбеден, раскопан и со дупки поради што на неколку места возачите мора да се пренасочуваат од стариот на новиот пат и обратно. Со оглед на тоа дека се гради со години охриѓани се скептични околу завршувањето на овој патен правец.

Министерот за транспорт и врски Бочварски се надева дека во најскоро време Собранието ќе ја усвои одлуката на Владата за анекс-договорот за изградба на овој патен правец вреден 600 милиони евра и уверува дека автопатот Охрид –Кичево ќе биде готов до 2023 година.

Автопатот кој почна да се гради во 2014 година, требаше да биде готов првично до 2018 година. Потоа рокот беше продолжен до јуни 2021 година. Но, новиот рок сега е до 2023 година.