Македонија
27. May 2022 - 18:51

Кичевец подигнал околу 126.000 денари од туѓа платежна картичка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.И.(44) од с.Манастирско Доленци, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

- Во текот на февруари 2022 година во Кичево, И.И. неовластено дошол до платежна картичка и пин на лице од Кичево и од банкомат во неколку наврати извршил трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 126.000 денари, соопштува МВР.