Кичевец паднал од бандера и починал
Четириесет и двегодишниот С.Р. од село Стрелци, Кичевско, при работа паднал од бандера во охридската населба Рача и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид. Поради сериозноста на повредите, бил препратен во скопскиот Клиничкиот центар Скопје, но на пат кон Скопје починал.
Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 12.30 часот. С.Р. бил вработен во фирма подизведувач за потребите на ЕВН и во критичниот момент бил качен на бандера висока осум метри за да ги отстрани жиците. Бандерата се скршила во долниот дел, по што С.Р. и бандерата паднале на земја.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител денеска над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева