Кичевци протестираа со возила против поскапувањето на струјата
Група кичевци попладнево протестираа со возила против поскапувањето на електричната енергија. Граѓаните протестираа движејќи се во колона по магистралниот пат Скопје – Охрид во делот кој минува низ Кичево, односно од под село Другово до раскрсницата према РЕК „Осломеј” со двесеттина возила.
Протестот помина без инциденти и траеше околу половина час.
На протестот, граѓаните побараа да се повлече одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, да се намали цената до 20 проценти, да се укине монополот на услугите на ЕВН, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика и да се создаде независен арбитражен трибунал во служба на граѓаните кој ќе го проверува квалитетот на услугите од областа на енергетиката. Тие, исто така побараа и намалување на ДДВ-то за струјата и укинување на ставката за електрична моќност од 33 проценти.
За време на протестот, сообраќајот по оваа делница, долга околу три километра, се одвиваше забавено и полицијата го регулираше минувањето на останатите возила.
Ново на Сител
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија
-
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата
-
Силјановска-Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт
-
Пендаровски: Се надевам дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди
-
Излезноста до 18 часот е 47,61 отсто
-
Затворени гласачките места за првиот круг од претседателските избори
-
Утре повеќе села и населби ќе останат без струја во Скопје
-
Бајден го потпиша законот за 61 милијарда долари воена помош за Украина