Кичевци протестираа со возила против поскапувањето на струјата
Група кичевци попладнево протестираа со возила против поскапувањето на електричната енергија. Граѓаните протестираа движејќи се во колона по магистралниот пат Скопје – Охрид во делот кој минува низ Кичево, односно од под село Другово до раскрсницата према РЕК „Осломеј” со двесеттина возила.
Протестот помина без инциденти и траеше околу половина час.
На протестот, граѓаните побараа да се повлече одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, да се намали цената до 20 проценти, да се укине монополот на услугите на ЕВН, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика и да се создаде независен арбитражен трибунал во служба на граѓаните кој ќе го проверува квалитетот на услугите од областа на енергетиката. Тие, исто така побараа и намалување на ДДВ-то за струјата и укинување на ставката за електрична моќност од 33 проценти.
За време на протестот, сообраќајот по оваа делница, долга околу три километра, се одвиваше забавено и полицијата го регулираше минувањето на останатите возила.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација