Македонија
16. January 2021 - 16:12

Кичевчанец нападнат, ограбен и ранет со огнено оружје од неколку лица

На 15.01.2021 околу 17.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Арсо Војвода“ во Кичево, М.Т.(62) од Кичево бил физички нападнат од неколку лица, при што едно од нив со пиштол му нанело прострелна рана, по што му одзеле поголема сума на американски долари, евра и денари, во разни апоени. М.Т. бил пренесен во Здравствен дом Кичево за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување случајот.