Кери: Уште малку тешкотии на патот кон спогодбата САД-Русија за Сирија
Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека се надминати голем број технички проблеми на патот кон постигнување на спогодба меѓу САД и Русија за Сирија, но остануваат уште неколку тешкотии, пренесоа британските медиуми.
-САД се согласни утре да се оддржи нова средба со Русија за да се направи обид за надминување на останатите проблеми, рече Кери во кулоарите на самитот на Г-20 во кинескиот град Хангџу.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Русија и САД се приближуваат кон спогодбата за Сирија, пренесоа британските меидуми.
-Се приближуваме кон договор. Но дипломатското искуство бара време за реализација. Не можам да Ви кажам кога ќе се постигне и објави спогодбата. Според мене, немаме причина да очекуваме преговорите да пропаднат. Најинтензивната работа продолжува. Пред да ја ставиме последната тула, не можеме да кажеме дека сме постигнале резултати, рече Рјабков, цитиран од британските медиуми.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората