Кери и Лавров разговараа за состојбата во Сирија
Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараа во Њујорк за сосотјбата во Сирија, само неколку часа откако во седиштето на Обединетите нации ги изразија своите ставови за случувањата во оваа земја.
Руското Министерство за надворешни работи на Фејсбук објави дека Кери и Лавров прво разговарале телефонски на иницијатива на американската страна, а потоа се сретнале во придружба на делегациите за да го продолжат разговорот за проблемите за решавање на конфликтот во Сирија.
Кери вчера пред Советот за безбедност побара од Русија да го принуди „режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад“ да ги приземји своите воздухопловни сили, со цел да се отвори можноста за воспоставување прекин на огнот.
Претходно, Лавров повика на детална и непристрасна истрага за нападот врз хуманитарниот конвој во Сирија во понеделникот.
Ново на Сител
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ