Џет-Сет
27. October 2015 - 23:28

Кејт Миделтон го засени „Џемс Бонд“

На премиерата на новиот филм за Џемс Бонд, „Spectre“ во Лондон, наместо актерот кој го толкува славnиот агент - Даниел Крејг, главна ѕвезда беше војводката Кејт Мидлтон.

Имено, како што објавија британските медиуми, при пристигнувањето на премиерата Крејг позираше во придржба на неговите партнерки од филмот Моника Белучи и Леа Сејду, но сите тие паднаа во сенка кога на црвениот тепих се појави Кејт Мидлтон во придружба на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.  

Кејт на премиерата се појави во светло син фустан, кој го откриваше нејзиниот гол грб, па таблидите забележаа дека војводката не носи градник.

Инаку, во новиот филм за Џемс Бонд, покрај веќе споменатите Крејг, Белучи и Сејду, се појавуваат и Кристоф Валз во улогата на главниот негативец, како и Ралф Фајнс, кој повотрно го толкува ликот на М.

Филмот, чиј режисер е Сем Мендес, беше сниман во Велика Британија, Австрија, Мексико и Мароко.