Фудбал
5. July 2021 - 10:07

Кејн: Ако против Данска одиграме како што знаеме, ќе се пласираме во финалето

Напаѓачот на Англија, Хари Кејн ги сподели своите очекувања за полуфиналето на Европското фудбалско првенство 2020 против Данска.

– Како прво, Данска е одличен тим. Минатата година двапати игравме во Лигата на нациите со нив, и не забележавме победа, одигравме нерешено и загубивме. Оттогаш добивме интензитет во играта, но треба да се фокусираме на нас самите. Полуфиналето ќе се одржи на нашиот стадион, и ние мора да ги искористиме сите овие позитивни аспекти. Ако играме како што знаеме, ќе имаме одлична можност да се пласираме во финалето, изјави Кејн за официјалната веб-страница на УЕФА.

Полуфиналето Англија – Данска ќе се одржи на 7 јули во Лондон со почеток во 21 часот.