Македонија
30. December 2022 - 12:47

Казни за 213 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 213 возачи.

Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР информираа дека притоа 106 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.