Казни во Пефкохори за оние кои оставаат предмети на плажа за да си чуваат место
Локалните власти од Пефкохори, на четири јазици, грчки, англиски, српски и македонски, преку социјалните мрежи ги информираат туристите дека е забрането оставање лични предмети на плажата со цел да се зачува местото, а во спротивно предвидени се казни, јави дописничката на МИА од Атина.
Локалниот совет на заедницата Пефкохори, преку објавениот пост на „Фејсбук“ потсетува дека сите оставени предмети ќе бидат одземени, а на туристите ќе им се вратат, откако ќе ја платат казната.
-Забрането е да зафатите место на плажата со вашите ствари преку ноќ, рано наутро и во текот на ручекот. Во спротивно доколку има напуштени предмети на плажата ќе бидат одземени од комунални редари и ќе бидат вратени по плаќањето на казната, пишува на македонски јазик локалниот совет на заедницата Пефкохори.
На популарната туристичка дестинација на првиот крак на Халкидики, според локалните медиуми, во изминатите години создавала проблеми праксата на туристите да оставаат чадори, пешкири, душеци и други лични предмети со цел да имаат обезбеден простор на плажата.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок