Свет
21. April 2017 - 12:27

Казнев повика на единство и борбата против стравот

Францускиот премиер Бернар Казнев денеска повика на „единство“ и борба против „прекумерното заплашување и стравот“, по кризниот состанок на Советот за одбрана во Елисејската палата, одржан по синоќешниот напад на париската авенија Елисејски Полиња, јави дописникот на МИА од Париз.

- Наша должност е да не попуштиме пред стравот, заплашувањата и манипулациите, кои се во служба на непријателите на Републиката, рече француксиот премире, повикувајќи никогаш да не се дозволат поделби.

- Против мрачните сили и нетрпеливоста мора да се води борба. Единството е тоа што да надвалдее како никогаш досега, додаде Казнев

Казнев, заедно со францускиот претседател Франсоа Оланд и министерот за внатрешни работи Матијас Фекл изутринава го посетија ранетиот полицаец при синоќешниот напад, кој е на налекување во болницата „Жорж Помпиду“ во Париз.