Македонија
20. December 2020 - 10:04

Казнети 139 лица за непрописно престигнување, 66 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.12.2020) спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување и возење под дејство на алкохол, прекршоци кои се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици. На територијата на целата држава санкционирани се 139 возачи за непрописно престигнување, а 66 возачи затоа што возеле под дејство на алкохол.

Санкционирани се и 418 други прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.