-->
-->
Кавани е подготвен за голем компромис, за да остане во ПСЖ
-->
Напаѓачот на Париз Сен Жермен, Единсон Кавани едвај чека да потпише нов договор со клубот. Уругвајскиот репрезентативец прими неколку понуди од клубови кои сакаат да го привлечат како слободен агент по завршувањето на сезоната. Сепак, тој претпочита да го продолжи договорот со парижаните.
„Екип“ пишува дека Кавани е подготвен да ја намали својата плата за 40 отсто за да остане на „Парк де Пренс“. Тој добива 16 милиони евра годишно, а Интер му нуди 5 милиони по сезона да го засили тимот.
За време на тековната кампања, напаѓачот забележа 22 натпревари и 7 гола на сите турнири.
Сепак, тој беше измачуван од повредите и го загуби стартното место во ПСЖ на штета на Мауро Икарди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација