„Катимерини“: Забавена динамиката во преговорите за името
Со бавна динамика, по многу брзиот почеток, течат преговорите за решавање на разликата околу името меѓу Атина и Скопје, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
- Забавената динамика можеби и го објаснува континуираното одложување на патувањето на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас во ПЈРМ, со цел, меѓу другото, да го означи првиот директен лет од Атина за Скопје по речиси 12 години. Со фактот дека во среда, Коѕијас ќе одржи говор на Факултетот Флечер, на Универзитетот Тафтс во Бостон, не се предвидува ниту оваа седмица да се реализира посетата на Скопје. Поконкретно, посетата на ПЈРМ не би можела воопшто да се случи пред крајот на март, пишува „Катимерини“.
Според весникот, јави дописникот на МИА од Атина, и покрај тоа што македонската влада ги направила првите симболични отстапки, „во суштината на преговорите направени се мали отстапки за важните разлики кои остануваат, барем врз основа на она што во изминатиот месец го изјави премиерот на земјата Зоран Заев“.
„Катимерини“ наведува дека за Грција и понатаму е важно Македонија да направи уставни промени.
- Основен „трн“ барем за Атина, останува континуираната изјава што господинот Заев ја повторува дека нема ревизија на Уставот. За Грција, ревизијата на Уставот на ПЈРМ, наспроти линијата на Заев, е гаранција дека решението ќе биде трајно, практично отфрлајќи склучување на меѓународен договор. Иако се знае дека добивање двотретинско мнозинство никогаш не е лесен случај, во Атина се проценува дека господинот Заев може да најде 80 пратеници за ревизија на Уставот на ПЈРМ, пишува весникот.
„Катимерини“ ја споменува и посетата на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел на Атина, кој по средбите во Скопје, во четврток ќе пристигне во грчката престолнина.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено