„Катимерини“: Следната година може да е клучна за решение за името
Следната година може да биде клучна за решавање на долгогодишниот спор меѓу Атина и Скопје за официјалното име на Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Весникот, повикувајќи се на дипломатски извори, наведува дека официјални претставници во Европа и во САД сметаат дека може да се отвори можност за решавање на спорот за името во периодот меѓу локалните избори во октомври годинава и претседателските избори во Македонија во 2019 година.
Надежите за решавање на проблемот се појавија откако социјалдемократот Зоран Заев состави влада во јуни по повеќемесечениот политички хаос. По формирањето на новата владејачка коалиција, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров минатиот месец ја посети Атина за да се сретне со грчкиот колега Никос Коѕиас, кој, пак, треба да го посети Скопје кон крајот на август.
Друга причина поради која западните дипломати сметаат дека е можно да се најде решение за спорот, е повторно засилениот американски интерес за регионот, пред се поради опасноста Русија да се обиде да го прошири своето влијание врз послабите држави како на пример Бопсна и Херцеговина, пишува „Катимерини“.
Според дипломатските извори на кои се повикува весникот, американските официјални претставници забележале враќање на прагматизмот во Македонија и сметаат дека властите во Скопје се подготвени да направат компромис. Истовремено властите во Македонија, се чини дека се поттикнати од подготвеноста за отстапки и во Атина.
Западните дипломати во сегашната фаза не вршат притисок ниту врз Атина ниту врз Скопје за да направат отстапки, но им предложија на двете страни да избегнуваат јавен дијалог за ова прашање за да не се создаваат преголеми очекувања. Целта е да се преземат чекори и од двете страни во текот на наредната година и преговорите завршат пред претседателските избори во Македонија во 2019 година, кога и Грција ќе се подготвува за општи избори, пишува „Катимерини“.
Ново на Сител
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА
-
Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница